1.8 C
Skopje
Wednesday, January 22, 2025

ГОСПОДИНЕ ЗАЕВ ВИЕ ВЕЌЕ НЕ СТЕ НАШ!

Одамна ме нема и искрен да бидам намерно ескивирав и не пишував. Некако онака ми дојде супер ескивирањето за било каква работа и баш добро се чувствувам. Сепак ескивирањето е НАЦИОНАЛЕН СПОРТ број еден а „фаќањето кривини“ е негова прва опција! Редакцијата е таква каква што е и „треба“ да биде, дизајнот никогаш подобар иако мојата драга пријателка непрестано одоколу ме „подбуцнува“ да продолжам со пишување.
И така со тоа нејзино „подбуцнување“ мене почна јанѕа да ме јаде, испружен на креветот со главата во таванот и пишувам буква по буква… Го пишувам редот па го бришам и така непрестано… Единственото место во нашава држава каде што можам да се изразам без цензура е само Трибуна. Па Трибуна и сите Трибунаши имам да ви кажам нешто и да се заблагодарам на вашето внимание доколку ме прочитате.

Јас сум сега она што бев а не она што требаше да бидам. Иако престанав со пишување и седнав во ќош како клекнато мало дете под казна јас не престанав да сонувам. И не само тоа, се однесував толку себично што си мислев дека сè што ќе кажам или напишам се мери под лупа. Ми било „сон“ да можам да вратам на сите што ме налутиле, да ги испцујам, да ги „мавам со камења“ да им кажам сè што им мислам макар биле тоа и тешки глупости. И јас знам дека пак ќе е никому ништо и се ќе помине само низ моите его трип страсти, одоколу како некој маргиналец.

Па зошто да не можам и јас така кога Заев може? Не лажеше и името ни го продаде како старо железо! Обично би му вратил со иста мерка ама во моментов би ми било доволно само да можам да го погледнам во очи и да му кажам… Драг господине Ви благодарам за повредите и навредите кои ги направивте кон мене и мојот народ. Вие за мене веќе не сте НАШ! Особено важно ми е и огромно задоволство што мојот народ добро ве „прочита“ и не успеавте да го прелажете со „медните“ зборови како сè што правите е за НАШЕ ДОБРО. Ќе пробам да се изразам како Вас на културен начин и на начин на кој ВИЕ ни го правите сето ова на нас.
Вие господине за мене сте НУС продукт кој едно време бил во дигестивниот систем а сега едноставно е исфрлен од мојот ректум. Е тоа сте вие. Мислам дека тука се разбравме. И не за друго ова ВИЕ го направивте со НАС, па ме научивте и мене како треба.

Додека го пишувам ова почнува да ме заболува раката но сепак мене ми се скратени можностите да ви кажам во лице па морам да издржам со куцање на тастатурата.

Извинете ме господине за оваа моја маја демонстрација на бес, јас сум само еден млад и „зелен“. Јас само полека почнав да ги „требам“ од мојот памет и душа непријателите на мојот народ. Исто како кога го чистам оризот. Има премногу камчиња ама сепак на крајот успевам да ги дочистам. Од друга страна пак во умот ми се прави „журка“ каква што никој не видел во Содома и Гомора. Понекогаш посакувам ветрот да ми го однесе умот и да бидам како стара баба што дреме и чека сè на готово. Но сепак се бафтам и се враќам во квасецот на моето небркнато ЕГО .

Патем фала на прашањето. Добро сум периодов господине. Пари малку, љубов онака и нервози за извоз! Сонот малку поспокоен во зависност од тоа како ми поминал денот иако за утре не сум баш сигурен благодарејќи на искомплексираните ФУНКЦИОНЕРИ читај (мафии) кои сè би продале само за да останат во меките фотелји. Не ви беше доволно сè што претрпе нашиот народ до сега па додадовте сол на раната. На крајот само јужните соседи ќе слават.
Верувајте ми господине, на некој чуден начин и Ве разбирам. Иако не разбирам како е да се продаде душата на Лукавиот. Насладувајте се додека можете господине. Се има почеток, се има крај.
Поздрав.

Автор: Никола Тасески

Извор: Трибуна.мк – ОВДЕ

поврзани објави

Последни објави