3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

ВРЕДИ ДА СЕ ЗНАЕ: Што да направите ако ве испече медуза или ако згазнете на морски еж?

Сè зависи од тоа каде медузата ве изгорела, но симптомите обично се јавуваат пет минути по контактот и траат неколку часа – до 24 часа.

Сонцето не е единствената опасност која демне на одморот. Убодите од морските ежови како и изгорениците од медузите се непријатни, болни, а понекогаш и опасни. Иако допирот на медузата е мошне болен, многу ретко го загрозува животот.

Силната болка трае неколку минути, а се чувствува уште со часови, а понекогаш и со денови. Сепак, изгореницата треба да се санира.

Сè зависи од тоа каде медузата ве изгорела, но симптомите обично се јавуваат пет минути по контактот и траат неколку часа – до 24 часа.

Напад на медуза

Постојат многу митови за тоа како треба да се третира изгореницата од медуза, а ние ви донесуваме неколку совети кои би било добро да ги примените во таквите ситуации.
Пред се, веднаш излезете од морето, бидејќи можно е истата медуза да ве „нападне“ повторно. Освен тоа, болката во морската вода нема да исчезне, а плакнењето со обична вода само ќе ја интензивира, бидејќи остатоците од пипалата на кожата ќе пуштат уште отров. Измијте го болното место со морска вода.

Тоа подрачје не смее да се допира ниту со голи раце, а познатите препораки за уринирање на раната се голем мит. Не се знае ниту од каде потекнала таа идеја, но нема вистина во тоа, велат лекарите. Наместо тоа, тие препорачуваат, зафатеното подрачје можете да го третирате со оцет за да ја ублажите болката. Ако немате оцет при рака, ќе ви помогне и пената за бричење.

Ако на кожата останал некој дел од пипалата, се советува да го отстраните со предмет кој нема остри рабови. Потоа брзо измијте ја раната со морска вода, па ставете на неа нешто ладно и држето го тоа 20-тина минути или додека болката не се намали.

Изгореното место треба да се третира како и секое друго изложено на алерген. Ако подрачјето е помало, треба да се стави антихистаминик (кремови против алергиски реакции, кои може да се купат во аптеките без рецепт). Ако станува збор за дете, педијатрите советуваат дека може да му се даде и сируп против болка.

Допирот на медузата предизвикува иритација и чувство на пецкање, а ако има повеќе изгореници и отокот расте треба да се обратите кај лекар. Во поретките случаи на труењето предизвикува повраќање, тешкотии при одењето, вртоглавици, глабоволки, но и инфаркт. Во тие случаи, задолжително побарајте стручна лекарска помош.

Убод од морски еж

Често се случува невнимателните капачи да згазнат на морски еж, при што доаѓа до механичко кршење на боцките кои продираат длабоко во ткивото, каде што можат да заостанат и да предизвикаат дополнителни компликации како гноење или непрекината болка. Морските ежови и некои сродни суштества се отровни, иако самиот отров ретко предизвикува повреда кај луѓето. Почесто боцките, кои ја покриваат школката на морскиот еж, се откинуваат во кожата, предизвикувајќи оштетување на ткивото и воспаление. Ако не се отстранат, боцките се поместуваат во подлабоките ткива дури до коските или нервите и можат да предизвикаат:

– хронично воспаление;

– болка во зглобовите и мускулите;

– кожни осипи

Сината боја на кожата на местото на влезот може да помогне во пронаоѓање на трњето, а прободеното место санирајте го на следниот начин:

– Оцетот ги растопува повеќето боцки од ежот. Облогата натопена со оцет ставете ја на прободеното место и тоа е се што е потребно за боцките да се отстранат.

– Местото околу убодот измијте го и применете маст која содржи комбинација од антихистаминици, аналгетици и кортикостероиди.

– Понекогаш, лекар мора да направи ситен рез за да го отстрани трнот кој е кршлив.

Црната маст може да помогне

Боцките треба веднаш да се отстранат, додека кожата е се уште влажна и мека. Тоа се прави со стерилна пинцета или игличка, а боцките кои не можат да се извадат може да се намачкаат со т.н. црна маст која ќе го забрза излегувањето на боцките од кожата.

Ако на кожата останал некој дел од пипалата на медузата, се советува да го отстраните со предмет кој нема остри рабови. Потоа брзо измијте ја раната со морска вода, па ставете на неа нешто ладно и држето го тоа 20-тина минути или додека болката не се намали.

извор: slobodenpecat.mk

поврзани објави

Последни објави