3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Дудуш: Да не требаше наместо нови автомобили да набавиме запрежни коли?

Општина Шуто Оризари замени два стари модели на автомобили, кои беа во лоша состојба и беа неподобни за вршење на секојдневните активности на градоначалникот и вработените, стои во реакцијата на градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, откако склучи договор за набавка на две возила марка Цитроен Ц4 со 3Д светла.

„Се спроведе законска, тендерска постапка и се склучи договор за јавна набавка со Автонова ДОО за две возила со цена во висина од 14.000 евра и второто возило во висина од 18.000 евра. Договорот предвидува исплата на возилата на лизинг период. Овие средства се предвидени во буџетот за 2018 година“, се вели во реакцијата.

Оттаму посочуваат дека возилата не поседуваат дополнителна опрема и 3Д светла.

„Каква одлука требаше да донесе градоначалникот за истата да не биде „скандалозна и вредна за жолт печат”? Дали требаше да се набават влечни коњски коли со кои не прикажувате Вие кога говорите за некое ромско прашање?“, пишува во реакцијата на градочачалнкот Курто Дудуш.

поврзани објави

Последни објави