7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Илјадници се собраа на митинг во Каракас во поддршка на Николас Мадуро

Илјадници венецуелци облечени во црвено – бојата на владејачката социјалистичка партија – на митинг во метрополата Каракас вчера, изразија поддршка на претседателот Николас Мадуро поради обидот за негово убиство.

Властите изјавија, дека ги уапсиле организаторите на обидот, кои користеле два дрона со експлозиви. Имињата на задржаните не се објавени, но главниот прокурор Тарек Сааб изјави дека шестмината уапсени можат да бидат обвинети за обид за убиство и тероризам.

 

Митингот беше организиран на плоштад Моралес во центарот на метрополата, од каде што учесниците се упатија кон претседателскиот двор Мирафлоерс. До него беше подигната бина, од каде што пред насобраниот народ говореше Дисададо Кабељо и министерот за внатрешни работи Хорхе Ареаса.

 

поврзани објави

Последни објави