Многумина имаат домашни миленичиња, а тоа може да биде мачор. Но, сигурно ниту едно не вреди колку мачорот Чарл Уткинс, кој неговиот сопственик го продал за неверојатни 78.000 евра.
Сепак, мачорот Уткинс е посебен, барем така проценила гатачка од Новосибирск, која платила неверојатна сума, но откако најпрво се уверила дека поседува необична моќ.
Дека има нешто посебно во мачорот, тврди и сега веќе неговиот поранешен сопственик, кој морал да прави работи кои не ги сака, но биле одлични за Уткинс.
„Знаев да се разбудам во пет часот наутро и да одам до продавница. Купував риба и колбаси иако тоа не го јадам, па сето тоа беше за мојот мачор Уткинс“, информира неговиот поранешен сопственик Дмитриј.