Доктори, доктори-специјалисти, стоматолози, психотерапевти и ветеринари од Македонија можат да работат во Германија после проверката на степенот на усогласеноста на македонската и германската диплома. Во повеќето случаи е потребно да се положи додатен испит таканаречен – апробација.
Во процесот на апробација, Германија проверува дали вашата академска титула е еднаква на истата академска титула во Германија. Апробацијата се издава ако се докаќи дека вашето стручно образование одговара на германското образование за истата струка.
Постои можност да работите и без апробација – ако поднесите барање за издавање на временска работна дозвола со максимално траење од две години ( за психотерапевти – три години ) која се продолжува само во исклучителни ситуации.
За работа без апробација е доволен само доказ за стекната диплома на студии. Таквата работа можи да биди ограничена на одредени работни места, на пример работа без апробација можи да се одобри во таканаречените дефицитарни струки, односно каде е хитно потребен стручен кадар. Во секој случај, за време на таква работа, секој има право да поднеси барање за апробација.
Процедура за добивање на апробација
Барање за апробација можите да поднесите ако ги имате завршено потребните академски студии ( медицина, стоматологија, психологија, ветерина ). Надлежна канцеларија проверува дали вашата диплома е еднаква на истата диплома во Германија.
Во проверката се зема во предвид и работното искуство стекнато во Македонија или во странство. Тоа можи да ги изедначи разликите помеѓу стручното образование на двете земји. Кога станува збор за психотерапевти, апробацијата се темели на истиот државен испит во Германија. Во текот на проверката се зема во предвид и вашето владеење на германскиот јазик.
Можни резултати од проверката
Идеален резултат: надлежната канцеларија заклучила дека вашата академска диплома е еднаква на истата во Германија и вашето владеење на германскиот јазик е доволен за да можите да работите.
Поставување услови: Надлежната канцеларија заклучила дека постојат значајни разлики помеѓу вашата академска диплома и истата диплома во Германија. Во тој случај од вас ќе бараат да положите посебен испит. После успешно положениот испит се издава апробација. Во случај да не се положи испиот, можи повторно да се полага.
Документи потребни за апробација:
Доказ за идентитет ( лична карта или пасош )
Кратка биографија;
Заверена копија од дипломата и евентуално други потврди за стручна квалификација;
Табеларен приказ на целото стекнато образование и работните места кои сте ги работеле – доколку сте работеле;
Потврда за вработување ( ако сте биле вработени )
Потврда дека во Македонија имате право да работите како лекар и документи од кои се гледа дека имате намера да работите во Германија ( потврда или покана од идниот работодавец )
Лекарско – не постаро од еден месец;
Потврда дека сте неосудувани – исто така не постара од еден месец
Каде се наоѓа канцеларијата која издава апробација
Во прашање се регионални државни канцеларии, а адреса и телефон на надлежната канцеларија за вашата апробација можите да добиете кога ќе добието престој во Германија и тогаш се бара канцеларијата која ви е најбилсу. Информации за тоа можите да побарате од бирото каде го пријавувате вашиот престој.