fbpx
11.8 C
Skopje

КОЈ СИ ТИ НАВИСТИНА: Отворено писмо до дечкото кој ја ожени девојката што ја изневери со мене

АКТУЕЛНО

Постојано се прашувам, зошто повеќе не верувам во љубов. Кога ќе се сетам на тебе, се ми станувај јасно, како кристално чиста вода, се појавува и ме дави. Како да верувам во љубов, кога ти беше човекот кој ја ожени девојката со која беше во врска долги години, а сепак ја изневеруваше со мене цел месец? И на крај, ја обврза од страв да не те остави или дознае за нас.

Се чувствуваше како да мораш да ја врзиш за себе со закон, за да не замине доколку сфати кој си и каков си навистина. И даде прстен, како да обично парче накит би можело да ја докаже твојата љубов и верност. И даде ветување дека ќе ја сакаш и почитуваш до крајот на својот живот, знаејќи дека си покажал непочит кон неа додека беше со мене. Си покажал дека не ја сакаш ами дека мислиш дека ја сакаш или сакаш да се убедиш себеси дека ја сакаш. Стави потпис на хартија, знаејќи дека си ставал потпис на моето тело со твоите прсти секоја вечер додека таа беше далеку од тебе. Писмово не го пишувам од лутина, ниту пак дека се уште те сакам.

Писмово го пишувам затоа што сакам да знаеш дека те разбирам. Имаш ограничен мозок. Тоа го сфатив ноќта кога ме праша со колку момчиња имам спиено пред тебе. И потоа ме спореди со твојата девојка на која наводно си и бил прв. Ми кажа дека доколку си ме запознаел порано, можеби ќе сме останеле заедно, но вака, си немал храброст, а ни желба да уништиш нешто градено со години. Денес, сфаќам дека било градено врз лаги. И не можам, а да не се запрашам, колку луѓе како тебе го прават истото. Или ќе го направат во иднина. Колку луѓе ќе прифатат да бидат несреќни, само за да усреќат некој друг. Или пак, можеби си бил слаб и несигурен. Кој знае. Единствената работа во која сум сигурна е тоа дека си несреќен.

Се прашувам, дали ме гледаш мене во нејзините очи? Дали ме замислуваш мене додека си врз неа? Дали се сеќаваш на мене, секогаш кога ќе ја прегрнеш? Ми кажа дека си заљубен во мене, но дека ја сакаш неа. Денес, се прашувам, дали е тоа можно? Дали е можно да си заљубен во една личност, а да сакаш друга личност? И згора на тоа, да ја ожениш ради несигурност бидејќи се надеваш на сигурност со неа. Како што напоменав претходно, не те мразам. Ниту пак те сакам. Јас те сожалувам. Не во саркастична смисла ами навистина. Жал ми е што ја одбра неа, а не мене. Жал ми е што верував дека можам да те украдам од неа, кога веќе си бил ничиј. Ниту мој. Ниту нејзин. Свој. И тоа е во ред.

Жал ми е што мислиш дека кулата од карти нема да се распадне еден ден. Жал ми е што мораш да ја гледаш секој ден, а да мислиш на мене. Жал ми е што ќе поминеш поголем дел од животот несреќен, покрај неа, кога си можел да поминеш цел живот, среќен покрај мене. Жал ми е што се надеваш на сигурност, а не знаеш дека не постои ништо сигурно во животот. Луѓето се како утакмица. Никој не е сигурен. И тоа е во ред. Благодарение на тебе, сфатив дека секој е роден сам. И секој ќе умре сам. Врските не траат засекогаш. Посебно љубовните. Нема ни потреба да траат засекогаш.

Доколку го читаш ова, ти посакувам среќа. Доколку твојата сопруга го чита ова, жал ми е. Знае која сум. Но, не знае кој си ти. Кој си ти навистина? А сите вие кои го читате писмово, запрашајте се, што навистина е важно во животот? Дали личноста покрај вас е вистинската?

Дали воопшто постои вистинска личност? Дали постои верност? Дали постои целосна предаденост кон љубениот? Дали би прифатил брак со личност која не ја сакаш повеќе и несреќен живот, по цена на сигурност која всушност, не постои? Дали би можел да ја гледаш личноста која не ја сакаш во очи, секое утро, замислувајќи нечии други очи?

Извор: Живамеѓумртвите

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -