4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Тајната на ќебапчилниците како ја подготвуваат смесата позната – има финта со лукот

САРАЕВСКИ ЌЕБАПЧИЊА

Најдобрите ќебапчиња според многумина се сараевските, а нивниот рецепт неодамна беше обелоденет и веќе е достапен на интернет.

Дали навистина станува збор за врвниот деликатес од главниот град на Босна и херцеговина, вреди да се проба на првото следно распалување на скарата. Ние во целост ви го пренесуваме овој рецепт.

Потребни состојки:

1,5 кг мелено јунешко месо

0,5 кг мелено јагнешко

4-5 чешниња лук

Сол

2 лажици сода бикарбона

Постапка:

Месото исечете го на коцки, добро посолете, промешајте и прелијте со 100 мл вода и лукот кој претходно сте го свариле. Смесата треба да се промеша и да се остави преку ноќ во фрижидер.

Следниот ден сомелете го и оставете го преку ноќ во фрижидер и оставете го уште неколку часа на собна температура, па повторно вратете во фрижидер.

Пред обликување на ќебапчињата во смесата додадете сода бикарбона, и тоа е се’.

Тајната на овој рецепт најверојатно е во квалитетот на месото, па доколку сте во можност одбирајте што подобро и поквалитетно месо.

поврзани објави

Последни објави