Римскиот крал Нума Помпилиус го додал месецот Февруари во календарската година, кој претходно воопшто не ни постоел. Својата конечна бројка, месецот ја добил во 44 година пред нашата ера.
Февруари е вториот месец во годината во јулијанскиот и грегоријанскиот календар. Има 28 дена, 29 во престапна година и е единствен месец кој има помалку од 30 дена.
Зошто Февруари е единствениот месец кој има помалку од 30 дена во месецот.
Откако е измислен Февруари секогаш им служел на реформаторите на календарот како добро место каде што може да ги исправааат своите грешки и да вршат други корекции во календарот. Во најстарото доба во древниот Рим, календарот имал само 10 месеци. Шест месеци траеле по 30 дена, а четири по 31 ден.
Годината започнувала со месецот март, а завршувала со крајот на декември. После декември, доаѓал период кој едноставно не се сметал, т.е. деновите не се броеле се` до доаѓањето на поубавите денови и почетокот на март. Римскиот крал Нума Помполиус за да ја пополни празнината во зимата, одлучил во календарот да додаде уште два месеци односно јануари и февруари, па така календарската година да трае 354 дена. Тогаш во употреба бил лунарниот календар (календар усогласен со Месечевите мени), а годината по лунарниот календар трае од прилика толку (29,53 x 12 = 354,38) денови.
За да добие доволен број на денови за двата дополнителни месеци, Нума од секој месец кој траел 30 дена одземал по еден ден, па за двата нови месеци, па за двата нови месеци останале 56 дена. Значи, требало секој од тие два месеци да трае по 28 дена. Меѓутоа, во тоа време Римјаните поради суеверие избегнувале парни броеви, па во јануари бил додаден уште еден ден. Вториот месец, пак, останал со 28 денови, но, иако се работело за парен број, се сметало дека тоа е коректно затоа што вториот месец бил посветен за прочистување наменето за култот на мртвите.
Тој календар траел 355 дена. Но, годината по тој календар за некои 10 дена и неколку часа била пократка од тропската, вистинска година и затоа требало повремено таа година да се проширува со вметнување на дополнителни денови.
За да се исполни тој празен простор Нума го искористил токму Февруари. Секоја втора година измеѓу 23 и 24 февруари се додавал уште еден месец кој се нарекувал Мерцедониус, а кој се состоел еднаш од 27, еднаш од 28 дена. Па, поради тоа, таквиот календар претрпел нова реформа.
Бидејќи годината според овој календар била пократка од вистинската година, одлучено било секоја четврта година да биде престапна. Престапниот ден, секако, се додава во февруари. Во тоа време многу месеци претрпеле извесни промени, па и февруари станал поголем за еден ден и имал 29 дена, 30 престапни години. Бидејќи реформата на календарот ја иницирал Јулие Цезар, календарот го добил името Јулијански календар.
Нешто подоцна, 44 години пред новата ера, Сенатот одлучил месецот Квинтилис во чест на Цезар, да го добие името Јулиус (јули), а потоа и Секстилис го променил името во Аугустус (август), по посвоениот син на Цезар и наследник Октавијан Август. Но, проблемот бил во тоа што месецот август имал само 30 дена, а јули 31 ден. Целата работа била решена, така што, од февруари бил одземен еден ден и додаден во август.
Тогаш повторно се појавил проблем, односно три месеци од по 31 ден се нашле еден до друг а тоа се јули, август и септември. Затоа, било одлучено дека септември и ноември ќе имаат по 30 дена, наместо по 31 ден, додека октомври и декември ќе имаат по 31, наместо 30 дена. Така, повторно била направена каква-таква симетрија. Два летни месеци јули и август ќе имаат по 31 ден, како и два зимски, декември и јануари.
Дури на почетокот на 17 век, повеќето земји го прифатиле 1 јануари како прв ден во годината. Таквата состојба се задржа и се применува и ден денес.