ШКОРПИЈА
Ако некогаш сте биле во врска со Шкорпија тогаш знаете дека тие имаат неодолива моќ на привлечност. Доколку ве замислат како потенцијален партнер, сигурно ќе ве освојат и додека го сфатите нивниот план, веќе сте се вљубиле.
Покрај силната привлечност, родените во овој знак се исклучително лојални пријатели, големи херои и се многу добри работници. Доколку сакате да заведете Шкорпија, облечете се во црно, особено црна долна облека. Сакаат уметнички настроени луѓе, но сакаат и малку проблематични луѓе.
ЛАВ
Родените во овој знак се вистински „трендсетери“ кои ги познаваат сите добри места во градот. Ако сакате добро да си поминете, секогаш во друштво изберете Лав и нема да се покаете. Лавот ќе ве бутне од нога и ќе ве купи за цел живот. Исто така тие се прават подобро од другите, а на вас е да им смислите некој предизвик.
Ако сакате да заведете Лав ќе мора да му угодувате и да му ласкате, тие тоа го обожуваат.
РАК
Добриот смисол за хумор е нивната силна страна, а другите ги придобиваат со вниманието кое го посветуваат на најоригинален начин.
Обожуваат сексуални игри и фантазии и не им е проблем да пробуваат нови работи како и да бидат малку груби, ако вие тоа го сакате. Ако сакате вие да го придобиете него слободно покажете ја својата емотивна страна, своите слабости, тој сака на другите да им биде поддршка и сигурност.