11.8 C
Skopje
Wednesday, October 9, 2024

Кавадарци ќе биде домаќин на кошаркарскиот Куп на Македонија за 2017 година!

Македонската Кошаркарска Федерација(МКФ) и организаторот Лимак Холдинг донесоа одлука Купот на Македонија за  2017 година  да се одржи во Кавадарци во спортската сала “Јасмин“ од 17 до 19 февруари.

Притоа Лимак Холдинг искажува особена благодарност до клубот Фени Индустри за поддршката во организацијата на Купот на Македонија во Кавадарци, за отстапувањето на салата и за поддршката околу судискиот и безбедносниот дел од организацијата.

Годинава на „Лимак Купот на Македонија 2017“, име што го носи Купот поради спонзорот, ќе настапат осум екипи во машка конкуренција и четирите најдобро пласирани по првиот дел на првенството во Првата женска лига.

поврзани објави

Последни објави