Русија денеска со соопштение преку Министерството за надворешни работи го обвини западот за манипулација за волјата на гласачите и дека сака смена на власта предводена од Груевски и Ахмети.
„Изгледа дека се врши огромно надворешно влијание врз политичките сили во Македонија со псевдодемократски слогани. Целта е очигледна – справување со македонските политичари кои се непожелни на Запад и да рекомпонирање на властите и покрај јасно изразената поддршка од гласачите за коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од Никола Груевски и Демократската унија за интеграција, предводена од Али Ахмети“, стои во соопштението.
Убедени сме, потенцираат од руското МНР, дека само со целосно отфлање на штетните надворешни влијанија и со фокусирање на вистинската демократија, и самостојно решавање на внатрешните проблеми се основа за зацврстување на довербата меѓу народите кои живеат тука и формирање регионална клима за безбедност.