Легендата на англискиот фудбал и долгогодишен лидер на Челси, Франк Лампард на 38 години стави крај на својата блескава фудбалска кариера. Тој во иднина ќе го учи тренерскиот занает и ќе биде тренер во младинските категории на Челси.
Лампард кариерата ја заврши во МЛС- лигата во САД каде што ги бранеше боите на Њујорк Сити, во Премиер лигата мал период беше дел од Манчестер Сити , како и Вест Хем на почетокот на кариерата. Во Челси тој стана вистински лидер и ја градеше својата блескава кариера настапи на повеќе од 400 мечеви и постигна 150 голови. За “ Гордиот Албион “ одигра 106 натпревари и постигна 29 гола.
„По 21 неверојатни сезони како фудбалер, а на 38 – годишна возраст, чувствувам дека дојде моментот за следниот чекор во мојот живот. Ќе се сеќавам на секој момент, од 1996 година кога дебитирав за Вест Хем, преку прекрасните мигови во Челси каде минав повеќе од една деценија, па се до искуството во Њујорк сити. Секако, и за настапите во националниот тим на Англија кој се посебни. Благодарам на сите со кои соработував, сите тренери, менаџери, фудбалери и соиграчи, на сите фанови кој ме поддржуваа…Сега сакам да искажам и благодарност до ФА на Англија, која ми овозможи да почнам да учам за тренерската професија“, вели Франк Лампард.