Oткако медиумите пишуваа дека Тирана се меша во политичките случувања и дека платформата е испорачана директно од претседателот на Албанија, тој излезе со реакција на таквите пишувања.
Рама вели дека Македонија треба да го промени ставот кон Албанците во земјава, затоа што тие се државотворен фактор кој застанал на вистинската страна од историјата.
„Би сакал кај македонската страна да видам објективитет и реализам. Албанците повеќе не може да се влечат во Владата и зад кочијата на Владата за неколку позиции и возила. Албанците заслужуваат да бидат почитувани исто како и Македонците“, порача албанскиот премиер.