Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денес ќе ги посети безбедносните сили на КФОР во Косово.
Во текот на посетата, тој ќе се сретне со командантот на КФОР генерал мајор Џовани Фуго, пишува на сајтот на НАТО. Тој ќе се сретне и со припадниците на КФОР и со главните претставници на меѓународната заедница на Косово.
Генералниот секретар на НАТО ќе одржи средба и со косовскиот претседател Хашим Тачи, премиерот Иса Мустафа, како и со потпретседателот на косовската Влада.