Француски војник започнал со пукање откако негов колега бил нападнат со мачета во центарот на Париз, во близина на познатиот музеј Лувр.
Тамошните медиуми информираат дека напаѓачот е погоден во нога и стомакот, додека војникот е полесно повреден. Исто така Лувр и шопинг центарот Карусел е евакуиран и опколен со силни безбедносни сили.
Нападот се случил околу 10.00 часот на скалите во подземниот шопинг центар, во близина на влезто на музејот кога вооружениот напаѓч тргнал со трчање кон војникот и со закана и повик „Алах Акбар“ замавнал со мачетата.