4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Во Иран родено дете од ембрион замрзнат цели 14 години

Во иранскиот град Исфахану е родено дете од ембрион кој лекарите и научниците го замрзнале дури во 2003. година. Тоа е нов рекорд во чување оплоден ембрион, кој ја има зачувано можност да се развие во здраво новородено бебе.

Како што соопштува иранската информативна агенција Ирна, во сабота во иранскиот град Исфахану, на свет дошло дете кое се развило од ембрион, заледен пред 14 години. До сега на научниците и лекарите тоа не им поаѓало од рака, да овозможат раѓање на дете од толку стар ембрион.

Предходниот рекорд го држеше ембрион кој беше заледен 11 години во специјални ладилници.

„До денес никој не успеал да донесе до раѓање на дете од ембрион кој е толку долго замрзнат“, изјавил докторот Сејед Калантари.

Иран пред неколку недели донесе закон со кој се овозможува на татковците после раѓањето на детето и тие да можан да земат породилно одсуство и да останат покрај новороденото бебе, со цел да се подобрат условите за зголемување на наталитетот. Исто така во Иран, државата ги покрива сите медицински трошоци за лекување на неплодноста, а младите мајки со финансирање ги мотивираат да раѓаат деца.

поврзани објави

Последни објави