Денес навршија 145 години од раѓањето на македонскиот национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, деецот на Македонската револуционерна организација, Ѓорги Николов Делчев, попознат како Гоце Делчев.
Со низа на активности кои се закажани за денес ќе биде одбележан денешниот ден кој е посветен на Гоце Делчев. Голем број на државни институции, политички партии, здруженија ќе положат цвеќе на неговиот гроб во црквата „Св.Спас“, а воедно и на неговите спомен бисти ширум државата.
Се школувал во родниот град Кукуш, каде што завршил прогимназиско образование , во Солун, во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ каде што раководел таен ученички револуционерен кружок, и во Софија во Военото училиште.
Бескомпромисниот борец за самостојна македонска држава, загинал на 4 мај 1903 година во селото Баница, под заседа на турската војска, во екот на подготовките за Илинденското востание.