4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Мексиканскиот нарко-бос Ел Чапо се жали на тешките услови во затворот во САД

Мексиканскиот нарко-картел Хоакин Ел Чапо Гусман во текот на вчерашниот ден се појави пред федералниот суд во Бруклин каде што се жалеѓе на „престрогите“ услови во затворот бо Њујорк.

Адвокатот на Ел Чапо изјави дека неговиот клиент се наоѓа во специјална затворска единициа која е заклучена 23 часа дневно.

Исто така во забелешката се вели дека стражарите не дозволуваат неговата вонбрачна сопруга и мексиканскиот адвокат да го посетуваат.

Судијата Брајан Коген изјави дека од надлежните власти ќе побара да одлучат во какви затворски услови треба Ел Чапо да престојува, додавајќи дека неговото минато е малку невообичаено.

„На основа на она што знам за овој случај, постојат основи за превземање дополнителни мерки“, изјави судијата.

 

 

поврзани објави

Последни објави