Еден од најугледните новинари во државата, Боби Христов, кој ја води и емисијата Топ Тема на Телма, на својот Фејсбук профил најави дека ќе има предвремени парламентарни избори.
„Е ај честито избори, брзи за 45 дена!!!“, напиша Христов, без дополнително објаснување.
Со оваа реченица тој ги стави во мисли неговите фанови, кои во коментари го прашуваат што точно значи ова, но до објавување на веста, немаше конкретен одговор од Христов.
Ова веројатно значи и дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржат уставните промени во Собранието, поради што ќе се замине на предвремени парламентарни избори.