3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

(ФОТО) Манијак на чуден начин заведувал девојче кај „Песталоци“: Ќе ти најдам дечко

Постар човек се обидел да намами девојче во хотел во близина на ОУ „Јохан Хајнрих-Песталоци“. Ова предупредување на социјалните мрежи го споделија жителите на Центар на социјалните мрежи.

Според пишувањата, иако настанот бил пријавен во полиција, оттаму изјавиле дека нема основ за тужба.

Сепак, МВР информира дека инцидентот вчера бил пријавен во Полициската станица Центар, и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Настанот во полиција го пријавила 51-годишна скопјанка, која кажала дека во вторникот околу 14 часот на улица „Борка Талевски“ непознато лице ја вознемирувало нејзината 12-годишна ќерка. Според пријавеното, сторителот ја пресретнал и почнал непристојно да и зборува, по што се обидел физички да ја нападне, но девојчето избегало и не се пријавени повреди.

поврзани објави

Последни објави