23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

ВИДЕО: Пери во транс, Карпош Соколи со неверојатен пресврт до победа

Кошаркарите на Карпош Соколи ја забележаа осмата победа во серија на домашен терен, нивна вкупна деветта или четврта во серија, со што речиси и го обезбедија опстанокот во АБА лигата.

Во СЦ „Борис Трајковски“ по голема драма беше поразен тимот на ФМП со 88:81, дури по продолженија, откако во регуларниот дел средбата заврши без победник 75:75, со поени на Кендрик Пери со звукот на сирената.

Преостанатите пет минути беа многу поедноставни за „соколите“, кои повеќе рутински ги одработија и за момент се искачија на високата 6. позиција на табелата во Регионалното натпреварување.

Најрасположен во победничкиот тим беше Лабовиќ со 21 поен, Мавра уфрли 18, Шепа 12, додека Пери беше за себе скормен со 11 поени, меѓу кои спаѓаат и они најважните за продолжение.

Карпош Соколи сега има скор од 9 победи и 12 порази. Вториот македонски претставник во АБА лигата, тимот на МЗТ Скопје има скор од 6 победи и 14 порази, но и натпревар помалку кој ќе го одигра во недела каде ќе гостува на Унион Олимпија во Љубљана.

поврзани објави

Последни објави