7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Вучиќ: Да не се лажеме, Преспанскиот договор пропадна бидејќи на Македонците не им се допадна

По неуспехот на референдумот во Македонија и изборите во БиХ се охрабрувам да кажам дека имаме потреба од посилна ЕУ во регионот. Потребно ни е нешто опипливо, не само поддршка, туку потребно ни е исполнување на ветувањата од Европа, рече српскиот претседател Александар Вучиќ на Белградскиот безбедоносен форум.

На отворањето на форумот, Вучиќ заедно со австрискиот претседател Александар ван дер Белен, најголемиот дел од говорот на темата „Западен Балкан и ЕУ“ го посвети на состобата во Македонија.

– За жал, очигледно е дека договорот што го склучија двете страни, а беше добар и за двете земји, не помина во Македонија и на народот тој не му се допадна, кажа Вучиќ, и додаде дека „место тоа да се признае, се играме со разни математички формули, се лажеме самите-мнозинството од ова, мнозинството од она. А една од причините за ова е тоа што му беше понудено на обичниот народ, дека не му беше привлечно, како што мислеа во Европа. И да, тоа е точно, ветувањата од Европа на народот не им беа привлечни – оцени Вучиќ.

Србија нема аспирации да се зачлени во НАТО, изјави Вучиќ, но затоа на Македонија и е ветено зачленувањето во Алијансата, како и во ЕУ.

-Ние ги слушаме тие приказни веќе 15 години и ништо се нема сменето во овој период во регионот. Ни треба нешто опипливо. Ни треба нешто што луѓето во Македонија ќе можат да го видат и да го почуствуваат. Мислам дека тука, во понудата, нешто недостасуваше – оцени Вучиќ.

Тој констатираше дека на целиот регион, како и на Србија, кога се даваат ветувања од ЕУ, тие треба да бидат сигурни и истите мора да се исполнат. И граѓаните тоа мора да го почуствуваат. Србија ќе го следи европскиот пат и ќе ја чува стабилноста во регионот и ќе има добри односи со соседите, рече Вучиќ.

Белградскиот безбедносен форум, осми по ред, e најпрестижен форум во овој дел од Европа, а на него зборуваат претседатели, премиери и државни функционери.

За утре е највено гостувањето на заменик-помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Метју Палмер.

поврзани објави

Последни објави