13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Одлуката на Коѕијас изненади многумина: Бујар Османи му твитна порачувајќи му го следново

Одлуката на веќе екс министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас да си поднесе оставка во клучни моменти за преспанскиот договор, изненади многумина, не само во Грција, туку и во Македонија. Прашањето е зошто сега? Но, како и да е, повеќе од сигурно е дека Никос Коѕијас ќе биде еден од ретките грчки политичари кои ќе остане запаметен не само во меморијата на грчкиот народ, туку и македонскиот народ.

Порака до Коѕијас испрати и вицепремиерот Бујар Османи на својот Твитер налог.

„Ретки се моментите во животот кои може да се именуваат како историски. Почитуван Никос Коѕијас, имавме задоволство заедно да создадеме такви моменти, газејќи историски пат за нашите две земји. Драг пријателе, ти благодарам за сè!“, напиша Османи.

Порака од Османи до Коѕијас

поврзани објави

Последни објави