Иако можеби сега не изгледа така, пратениците кои гласаа за Договорот од Преса во иднина ќе бидат визионери што застанале на победничката страна на историјата, смета Петар Богојевски од реформаторското крило на ВМРО-ДПМНЕ, кој неодамна беше разрешен од позицијата заменик генерален секретар.
-Одлуката на Собранието на Република Македонија е само еден почеток на процесот на имплементирање на решенијата на Преспанскиот договор врз Уставот на нашата Република.
Се надевам за многу краток период ќе се вградат решенија кои ќе значат условена имплементација на уставните амандмани, доколку Грција не го ратификува овој договор. Дополнително, овој процес нуди можност и за други измени, со кои Македонија може целосно да расчисти со своето комунистичко минато – вели оценува Богојевски.
Според него, исклучувањето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за договорот од партиските органи е невалидно.
-Актот на таканаречено исклучување од партијата покажа две работи. Прво, ова раководство го водат гнев и омраза, себичност и кратковидост, со целосно суспендирање на внатрепартиската демократија. Второ, тоа беше нестатутарна одлука, надвор од пропишана процедура, а со тоа и невалидна. Како и да е, ова раководство самото себе си се делегитимираше и го изгуби целиот кредибилитет да ја води партијата – вели Богојески.