Светската ракометна федерација, ИХФ денес го објави видеото од 10 најубави голови постигнати на ракометниот Мундијал, а сосема заслужено на прво место се најде цепелинот на Дејан Манасков и Кирил Лазаров.
Покрај ова признание, капитенот на Македонија, Лазаров беше прогласен и за најдобар стрелец со 50 постигнати голови. Ова за Кире беше второ вакво признание, откако првото го доби на Мундијалот во Хрватска во 2009 година.