Познатата компанија за автомобили, „Porsche“, беше забележана како го тестира својот нов автомобил „Porsche 911“ на зимни условни на добропознатата стаза Нурбургринг.
Како што пренесуваат медиумите, „Porsche“ има на план поширока подлога за новото 911, со што дополнително ќе се зголеми стабилноста, подобро управување и возечка динамика. Тоа веќе го потврдиле и инжинерите кои во едно интервју истакнале дека планираат да лансираат и хибриден модел на Porsche 911 во некоја од следните генерации.
Доколку дојде до хибридизирање, моделот ќе биде далеку поекономичен, но сепак ќе ги задржи своите високи перорманси. Последен пат генерацијата на 911 била обновена во 2015 година, а се очекува во иднина да се појават нови модели од тој вид.