6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Трета оставка во УМС на ВМРО-ДПМНЕ: Претседателот на УМС Карпош си поднесе оставка, пораките се следни

Откако денеска оставка си поднесе претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Лука Кржалоски и претседателот на градски комитет на УМС, Томи Кепевски, неотповиклива оставка од функцијата претседател на УМС Карпош поднесе и Јован Никушевски.

Кржаловски во неговата оставка наведе дека „младиот сегмент од популацијата смета дека во последниот период партијата е преокупирана со дневна политика, популизам и задоволување на интересите на мала група луѓе. А Кепевски рече дека во партијата има меѓусебни препукувања, фракции, безидејност.

„Не само што не нудиме алтернатива за граѓаните, туку и служиме за одвлекување на вниманието од вистинските проблеми“, рече Капевски.

Ова е трета оставка, по онаа на Лука Кржалоски. За разлика останатиот дел од ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ вечерва на своите профили изразуваат поддршка за претседателот на партијата Христијан Мицкоски и велат дека веруваат дека само така сплотени и единствени можат да и донесат победа на партијата.

поврзани објави

Последни објави