Грешка била моја што сум ќутела, ако сум ќутела. Имаше една седница кога беше претседател Груевски, кога имаше предлог за исклучување на реформаторите од партијата. На таа седница јас бев против јас и неколку мои колеги. На таа седница требаше да бидат исклучени Петар Богојески и Костадин Богданов.
Одговорно тврдам дека тогаш имаше предлог за нивно исклучување. Благодарение на нашата реакција тие луѓе не беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ. Имаше список од 15 луѓе кои требаше да бидат исклучени. Тогаш имаше слух во време кога тие држеа пресови и го критикуваа тогашното раководство на партијата.
Јас и тогаш гласно зборував. Потоа претседателот Груевски ме опоменуваше дека не ги исклучиле поради нашите реакции. Ние треба проблемите да ги решаваме во рамките на партијата. Подобро е работите јавно да се кажат, да се спречи да не се прават грешки понатаму. Сите треба да учиме од сопствените грешки, вели Даниела Рангелова во своето последно гостување на ТВ24.
Еве ја емисијата во која гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.