Се среќаваат две стари пријателки: Како е ќерка ти? Одлично! Мажот и ја сака, ѝ купува облека, ја води на ручеци, купи спортски автомобил специјално за неа. А синот? Подобро не прашувај. Налета на една никаква. И купува облека, ја води на ручеци, само пари троши.
За снаата и свекрвата: Си биле снаа и свекрва и се шетале по пазарот. Свекрвата здогледала некој домати и и рекла на снаата: Снао види какви види убави домати има, да ги ставиш во уста и да не ги извадиш. Поминале покрај гробишта, снаата и се обратила на свекрвата: Види гроб, да легнеш да не станеш.
Зашто снаата и свекрвата имаат иста крвна група? Зашто една со друга крв си пијат.
Се договараат снаи и свекрви ќе одат на екскурзија. И решиле да се поделат со автобусите, во едниот снаите, во другиот свекрвите. И снаите како помлади му дале предност на свекрвите да се возат напред со автобусот. И како што патувале, автобусот со свекрвите направил сообраќајка и ниедна од нив не преживеала. Снаите почнале сите да се радуваат да се смејат, арно ама само една од нив се отепала од плачење. Сите почнале да се чудат што е работата со оваа и откако ја прашале зошто плачи таа им одговорила:
Како да не плачам. Мојата свекрва не стигна да го фати автобусот. Остана дома.
Претходната сабота ја начекав свекрвата пред врата, и ме замоли да остане неколку дена. Кажав дека може.
Една свекрва отишла на гости кај снаата. Поминала со прстот по сите полици, по телевизорот, шкафот, украсите, по сè што може да фати прашина. Го погледнала прстот и што ќе види! Целиот со прав. Веднаш ја прашала снаата: Знаеш ли некоја поговорка за овој случај? Мислејќи на поговорка од типот „Чистотата е здравје“. Снаата после кратко размислување: Свињата сегде ќе најде кал.