Безбедносната камера на едно градилиште во Кина сними ужасна сцена додека багеристот за малку не ја фати својата шефица со багерот со кој работи, а која била негов надзорник и се шетала додека тој товарел песок во камионите.
Инцидентот се случил на 24 минатиот месец, а видеото предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.
На видеото се гледа како таа шета низ градилиштето додека тој товари песок во камионите, но во еден момент со багерот несвесно тргнал кон песокот додека пред него се наоѓаше неговата шефица.