Руската академија на науки (RAS) побара од Министерството за здравство да ја забрани употребата на хомеопатски лекови во државните болници, наведувајќи дека оваа медицина е опасна по здравјето.
Од комитетот на RAS препупредуваат дека некои хомеопатски таблети содржат токсични материи.
„Не постојат веродостојни научни испитувања кои ќе ја докажат ефикасноста на оваа терапија“, велат од комитетот на RAS.
Студентите на Првиот московски државен медицински универзитет, започнаа петиција за забрана на изучување на хомеопатските принципи во медицинските школи. Од царинската служба минатата година во ноември воведоа нови закони, со што ги приморуваат производителите да ја докажат делотворноста на секој хомеопатски производ доколку сакаат да го продаваат.