Јапонка стара 116 години според Гинисовата книга на рекорди официјално од денеска е најстариот човек на светот.
Кана Танака е прогласена за најстариот човек на светот на церемонија во Старечкиот дом во кој таа живее во Фукуока, Јапонија во присуство на членовите на семејството и градоначалникот на градот, пренесе Асошиетед прес.
Јапонката Кана Танака е родена на 2 јануари во 1903 година како седмо дете во семејството. Во брак стапила со Хидео Танака во 1922 година, со кого добила четири деца , а едно посвоиле.
Според АП, Кана секој ден се буду во 6 часот и сака да се занимава со математика и да игра „Отело“.
Пред неа најстариот човек на светот бил исто така од Јапонија,сонародничката Чијо Мијако стара 117 години, која починала во јули минатата година.
Јапонците се познати по својата долговечност и доминираат на листата на настари луѓе на светот.
Инаку, според Гинис досега најстарата личност на светот била Французинката Жана Луис Калмен, која живеела дури 122 години.