17.8 C
Skopje
Thursday, March 28, 2024

Оптичка илузија која излудува: Само 1% од луѓето можат веднаш да забележат што има на оваа слика!

Оваа слика брзо се рашири низ Интернетот и ги натера луѓето ширум целиот свет да гледаат долго во неа, обидувајќи се да влезат во малиот процент на оние што успеале да го најдат скриеното животно.

Станува збор за илузија што е позната како „Тие можат да исчезнат“, направена од страна на познатиот артист од Русија, Илја Клеменчов.

Фото Оптичка илузија

На прв поглед, оваа слика не изгледа ништо повеќе од црно бели брановидни линии. Но, сепак, во неа има скриено едно животно. Само мал процент луѓе успеале да го видат на прв поглед, додека пак скоро 99% од сите што се обиделе само напразно зјапале во неа. Уште помалку се и оние што можеле да забележат дека нешто се случува на сликата, но не можеле да идентификуваат за што станува збор.

Ако сте меѓу ретките што го виделе животното јасно, тогаш ви честитаме! Ако едвај забележувате нешто, обидете се да ги опуштите очите за да ви се избистри сликата пред вас. Некои пак, ќе го видат животното ако подзамижат, или ако се оддалечат од екранот. Други успеале да доловат момент од сликата додека скролаат нагоре-надолу на сајтот. Сепак, најголемиот број не гледаат буквално ништо.

За последната група, одговорот е панда! Артистот од Русија ја создал оваа илузија како паметен начин да го сврти вниманието кон овие слатки животни чие постоење е загрозено од страна на луѓето. Во моментов повеќето не можат да ја видат пандата во илузијата, но ако продолжиме вака, нема да можеме да ги видиме ни пандите во реалноста!

Извор: Кафепауза

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -