14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Се расправале хирург, архитект и политичар: Кој бил најстариот занает на светот

Си биле хирург, архитект и политичар и разговараат за тоа кој е најстар занает на светот. Хирургот вели, Бог од Адамовото ребро ја направил Ева. Значи тој бил првиот хирург и бил многу добар.

На тоа архитектот одговара,чекај, Бог ја направил Ева дури шестиот ден. Сети се на почетокот, прво било хаос па настанал ред. Кој би можел да направи ред освен архитектите?

Го прекинува политичарот: Добро луѓе, а што мислите, кој го направи хаосот?

Трите браќа со по три пива на ден.

Си биле 3-ца браќа Србин, Американец и Шпанец. И биле договорени сите во ист час да испијат по 3 пива. Влегува Србинов во кафана и му вика на келнерот.

Дај ми 3 пива. Овој му дава. И така со ред. По 10 дена келнеров му вика: Зошто секогаш пиеш по 3 пива? Овој му вика јас имам 3-ца браќа што се по странство и сме договорени секој ден да пиеме по три пива во ист час.

По 20 дена влегува во кафаната и порачува 2 пива. Келнеров зачуден му вика, да не умре некој од браќата па што порачуваш две пива? Ма не, јас престанав да пијам.

поврзани објави

Последни објави