Во јавноста во последните неколку недели се шпекулира дека дошол крајот на долгото пријателство меѓу Аца Лукас и Цеца Ражнатовиќ, од причина дека повеќе не се следат на социјалната мрежа Инстаграм.
Од блисок извор до Аца, произлезе дека тој и Цеца се скарале поради Соња, поранешната жена на пејачот. Познато е дека Светлата му беше целовремена поддршка на Аца во периодот кога тој тагуваше по својата поранешна сопруга. Аца Лукас и Цеца биле неразделни пријатели во претходните две децении.
Цеца до детали беше упатена во односот на Соња и Лукас и проблемите кои ги имаа, па отворено му кажуваше дека не е паметно да се смири со жена му.
На Аца тоа не и се допанда, па многу брзо го прекина контактот со најдобрата пријателка – додал изворот.