Најголемата музичка звезда на балканот, Здравко Чолиќ со својата сопруга Александра е во брак од 2001 година, но и покрај тоа што Чола многумина го знаат и обожаваат, неговата понежна половина сепак не е толку експонирана во јавноста.
Српските папараци повеќе од месец време го следеле секој чекор на Чолиќ, со цел да откријат што работи во приватниот живот. Она што успеаја да го доловат е дека пејачот обожава да посетува кафани, не посветува преголемо внимание на стајлингот, а исто така често знае да оди на џогинг.
Во еден момент успеаја да ја фотографираат и сопругата на Здравко, Александра, со која е во брак нешто повеќе од 17 години, а имаат и две ќерки – Лара и Уна.
За Александра малку се знае. Таа е пофесорка по географија, посветена на семејството, а истовремено и голема поддршка на својот сопруг.
„Се венчавме на 1ви мај сосема случајно, сите мислеа дека станува збор за скриена камера. Долго време бевме во врска, па сето тоа беше или џа или бу. Почит и пријателство мора да постои“, изјави Здравко.