Досега невидено: Козите можат да произведуваат електрична енергија

0
1

Давид Блажевиќ, доктор на технички науки на Техничкиот факултет во Ријека, покрај својата професија одгледува и 120 кози, кои му се потребни за неговиот експиримент „Може ли домашните животни да произведуваат електирчна енергија“, со кој освои тригодишна европска стипендија.

35 годишниот хрват бил асистент на Техничкиот факултет во Ријека, па својата работа одличил да ја напушти откако заедно со својата сопруга и својте две деца, одлучиле да се посветат во сточарството.

Додека ги пасел козите во Шумбер , му текнало дека домашните животни сос своето движење може да произведуваат електрична енергија. За својот труд ја добил стипендијата ,,Марија Кири Склодовска” од Европската Комисија.

Инспирацијата ја добил од концептот на виртуелно заградување на животните, а кога дополнително го разработил, дошол до идеја дека секое од животните може да произведува мали количества на електрична енергија, со која би се полнеле батерии и би се напојувал системот за чување домашни животни без физичка ограда.

Блажевиќ ќе работи во Финска , на универзитетот во Тампере каде ќе го разработува овој систем и наскоро ќе се пресели таму со семејството.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here