Алекс, барем како што го претставуваат британските медиуми, всушност станува збор за 25 годишен британец, добил „втора кожа“ која ќе го штити од сончевите зраци.
Алекс кога бил бебе сонцето буквално му ја спржило кожата. И покрај тоа што раните му заздравеле, истата случка ја доживеал уште еднаш, по што му било откриено дека има редок синдром наречен „Xeroderma pigmentosum“, што значи дека неговата кожа има ограничена способност за регенерација на оштетената ДНК, предизвиката од сонцето.
Поради тоа, за време на сончевите денови, Алекс никако не излегувал од дома, а дури и кога било облачно морал да носи неудобна заштитна маска.
Во емисијата “The Big Life Fix” на “BBC2”, Алекс добил нова маска во облик на “втора кожа” која е дело на научникот Зои Лафлин. Благодарение на неа, тој конечно ќе може да се изложува на сонце.
Мајката на Алекс вели дека е импресионирана од маската на Зои, која изгледа како природното лице на нејзиниот син, а најдоброто од се е што таа пружа стопроцентна заштита од сонце.
Кога била откриена неговата болест, докторите ги советувале родителите на Алекс дење да спијат, а ноќе да живеат, но неговата мајка не сакала нејзиниот син да биде заробен во домот, па затоа му направила специјална маска која делумно штити од УВ зраци. Таа му овозможувала на Алекс да излегува надвор додека е облачно, но била многу неудобна за носење.
Со цел да направат протеза, тим од експерти заедно со Зои Лафлин користел специјална камера која прави илјада фотографии во секунда. На тој начин тие добиле совршена копија од лицето на Алекс, која потоа ја пренеле на компјутер и ја отпечатиле како 3D модел.
Врз основа на тоа, направиле калап за силиконска маска која воопшто не пропушта УВ зраци. Два месеци подоцна, маската била готова, а Алекс и неговото семејство останале воодушевени од тоа колку веродостојно изгледа.
“Никогаш не би поверувала дека вакво нешто е возможно”, изјавила неговата мајка.
“Xeroderma pigmentosum” значи дека Алекс е 10 илјади пати почувствителен на УВ зраците од една просечна личност и дека е многу поподложен на канцерогени заболувања.