11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Несекојдневна исповед на млад скопјанец: Денес имам луксузен живот и фирма во Скандинавија, нема да ви се верува како го остварив сонот

Дека секоја желба во животот се остварува доколку доволно ја посакуваш, сведочи младиот скопјанец на кого му се имаат случено неверојатни работи. Тој во јавност сподели животна приказна која навистина звучи неверојатно. Сонот од дете му се претворил во јаве, денес ужива во луксуз, но никогаш во животот не заборавил пред се да биде човек.

„27 ноември 2012 година, четврта година средно. Разговарав со еден другар во локален кафич, за својата иднина, што ќе работам по завршувањето на средното образование. Му открив дека сакам да основам сопствена компанија, а неговата реакција на тоа – цинична насмевка.

После неколку минути замина, а јас го чекав келнерот за да ја платам сметката. Во еден момент ми се доближи еден господин, кој ми остави негова визитка, и кратко ми рече „Побарај ме“ и замина.“, вели младиот скопјанец, кој не сака да го открие својот идентитет.

Тогаш не знаел што му се случува, а неговиот сон полека започнал да се остварува.

„Да не навлегуваме во детали, господинот ми поклони 1 милион денари и ми помогна со започнувањето на мојот бизнис. За жал, господинот во 2014 години го напушти овој свет, а позади себе остави ќерка и две внучиња“, вели тој.

„Во последните мигови од неговиот живот од мене побара да им помагам на неговото семејство кога ќе имаат потреба. Денес, седиштето на мојата компанија е во Скандинавија, со 32 вработени. Се трудам барем еднаш во два месеци да дојдам и да ја посетам мојата Македонија, да им донесам подароци на неговите внучиња и да ги израдувам. Мислам дека се заљубив. Благодарам господине М“, заврши младиот и успешен бизнисмен.

поврзани објави

Последни објави