Пендаровски вели дека никој никого не овластил да прифати географска одреденица, да потсетам дека тој зборуваше дека за решавање на овој спор е потребен државен консензус, рече Силјановска Давкова во ТВ дуелот на Телма телевизија.
Околу барање за консензус во сите мои изјави барав државен, а не партиски консензус кој се однесува на времето кога не смееше ниту чешми во село да се отворат, а камоли да се преговара за решавање на ваков крупен проблем, вели Пендаровски.
Во однос на тоа како ќе дојде до подобар договор од овој, Силјановска Давкова вели:
Договор без две страни нема, но освен постулат во меѓународното право е симетричноста на преговарачите. Нема јас да го отварам овој договор. Прво, живееме во ера кога Обединетите Нации како рамноправни членки, темелот на нив е задолжителното меѓународното право, кое вклучува правото на самоопределување.
Практично прашање: Дали повторно ќе одиме на меѓународен суд? – ја праша Пендаровски по Силјановска Давкова. Па ние добивме кристално јасна правна пресуда, после три години судење 15:0 во наша корист, што ние имавме од тоа? Што ќе правиме во меѓувреме додека вие преговарате за подобар договор? И со кого би преговарале, за договор е потребна желба од двете страни, поточно и од грчка страна, додаде Пендаровски во своето излагање.
Река рече: Вие ќе зборите македонски и ќе имате македонски национален идентитет без разлика на додавката во името. Никој не може на вас да ви каже дека Вие од утре ќе бидете северни македонци, рече тој во своето обраќање. Никој со декрет не менувал нации и идентитет, вие ќе си останете тоа што сте, додаде тој.
На сите амбасадори им објаснувам дека овој договор не е добар. Тие си нанижија уште еден успех, затворија уште едно прашање, рече Силјановска Давкова на новинарско прашање за тоа како ќе објасни на странците дека може да се дојде до подобар договор од овој.
За ова Пендаровски рече: Вие ги нарекувате бирократи лидерите на најголемите земји, кои единствено гледаат свој успех во оваа работа. За Преспанскиот договор сите беа со нас и јавно тоа го соопштија.