Ешли Вуд од Пинкстон, Англија, под дејство на алкохол возејќи се со својот мотор, со помош на нозете ги кршел ретровизорите на пракираните возила се додека не налета на погрешниот возач.
Сопственикот на еден од автомобилите тргнал во негова потрга, го пресретнал и го ударил со својот автомобил, по што хулиганот се забил во еден од паркираните комби возила и паднал на земјата.
Како што пренесуваат медиумите во Англија, Ешли Вуд завршил во болница со тешки телесни повреди, но бил надвор од животна опасност.
Инцидентот се случил минатата година, а Вуд е осуден на осум месеци затвор, со одземена возачка дозвола повеќе од една година.