Живееме во граѓанско општество и сите се бориме за подобар живот во 21 век. 2019 година е година на среќниот век. Синоќа Мицкоски бил тука во Тетово. Ги поздравил УМС, ги поздравил УЖ, ама заборавил да ги поздрави Тетовчани. Цело време со мене си правел муабет. Ех мајката, што им е на луѓето еј. Го гледам продолжува со зла мисла, се заканува и уцевнува, вели Заев на синоќешниот митинг во Тетово.
И Силјановска тргнала по Мицкоски, а тој по Груевски. Не бива таа работа.Не нудат ништо, ниту кажуваат како. А, зборуваме за претседател на нацијата, за прв човек во државата. Има една песна се вика „Strangers in the night“ како странци во ноќта се изгубени до крај – рече Заев.
Заев се обрати и на албански јазик во Тетово, и притоа се обрати до кандидатот Стево со зборовите: Не сум добар како тебе, но ете учам.
Митинг во живо од Тетово
Posted by Stevo Pendarovski on Wednesday, April 10, 2019