Официјалната фејсбук страница на „Другата страна на политиката“ објави принт скрин од поканата која ја упатиле до кандидатот на СДСМ и коалиционите партнери, Стево Пендаровски, за негово учество во интервју во кое свое учество имаа и другите кандидати професорката Гордана Силјановска Давкова и кандидатот поддржан од БЕСА и Алијанса на Албанците професорот Блерим Река.
Почитувани наши следбеници и поддржувачи. Уште еднаш сакаме да го истакнеме нашиот концепт надвор од класичната политичка кампања, односно нашиот неутрален пристап при претставувањето на другата страна на политиката. Во таа насока СЕ ОГРАДУВАМЕ од сите политички контексти и поврзување со политички субјекти.
Воедно, како одговор на одредени обвинувања на наша сметка, во прилог ги приложуваме поканите за интервју упатени до сите претседателски кандидати.
На крајот истакнуваме дека и покрај се, ние сме отворени за соработка, а поканата за креативна средба со професорот Стево Пендаровски сеуште е отворена.
КРЕАТИВНОСТ, НАУКА, УМЕТНОСТ, ФИЛОЗОФИЈА, КУЛТУРА. ТОА СЕ НАШИТЕ ВРЕДНОСТИ!
ДЕМАНТ! Почитувани наши следбеници и поддржувачи. Уште еднаш сакаме да го истакнеме нашиот концепт надвор од…
Posted by Другата страна на политиката on Thursday, April 18, 2019