8.8 C
Skopje
Thursday, February 22, 2024

Кирацовски: Имавме скандинавски избори, очекуваме победа на Стево во прв круг

Шефот на Изборниот штаб на СДСМ, Александар Кирацовски, на прес-конференцијата по затварањето на гласачките места изјави дека Република Северна Македонија имала скандинавски избори, изборен ден кои поминал во исклучително мирна атмосфера.

„Денешните избори поминаа во исклучително мирна атмосфера. Имавме скандинавски избори кои и доликуваат на нашата земја. Им честитаме на сите граѓани кои на достоинствен и демократски начин го искористија своето право на глас. Денешниот ден помина во фер и демократска атмосфера. Изборите беа Мирни, фер и регуларни. Им благодарам на институциите кои овозможија изборите да поминат во најдобар ред. Им благодарам на граѓаните кои во голем број го искористија своето право на глас. Очекуваме првите неофицијални резултати да го прогласат Стево Пендаровски за победник во првиот круг. Да избереме претседател на кристално чисти избори кој што обединува и води напред”, рече на прес-конференција Кирацовски.

Тој дополни дека околу 20,30 часот би требало да се знаат првичните резултати од гласањето.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -