Тинејџер почина откако беше каснат од отровна кобра. Несреќата се случила кога младо момче се обидело да ја бакне кобрата и да направи фасцинантна фотографија.
Кога се обидел да позира за фотографија, обидувајќи се да ја бакне змијата на глава, таа во тој момент се свртила кон него и го каснала.
Тинејџерот веднаш бил пренесен во болница во Нави Мумбаи во Индија, каде пет дена покасно ја загуби битката за живот.
„Toj најпрво ја спаси змијата од автомобил, а потоа во обид да ја бакне, таа го касна на градите“, изјави негов пријател.
Ова младо момче во својот живот има спасено повеќе од 100 змии, а почина на 2. фебруари.
https://youtu.be/12Xn8tSLgtg