-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Шок за Баерн Минхен: Лам најави пензионирање

Капитенот на Баерн Минхен, Филип Лам, по завршувањето на сезоната најверојатно ќе ги закачи копачките на ѕид.

Како што пренесува германски „Билд“, бекот на Баерн Минхен и на германската репрезентација, оваа одлука неодамна ја соопштил на раководството на тимот. Според 33 годишниот дефанзивец ова е најсоодветниот момент за да се повлече од активно играње фудбал, и да започне нова кариера во оваа област.

Лам во текот на својата кариера седум пати ја има освоено Бундеслигата, а со Германија во 2014 стана и светски шампион. Тој за Баерн неодамна го забележа и својот јубилеј од 500 одиграни натпревари.

поврзани објави

Последни објави