Ракометарите на Металург дојдоа до петтата победа во регионалната СЕХА лига, откако во рамките од 15. коло во СЦ „Борис Трајковски“ беа подобри од ППД Загреб со 25:22.
Првиот дел од средбата заврши нерешено 10:10, но пресуден беше вториот половина час, во кој Металург создаде предност и рутински ја одржа до самиот крај од средбата.
Најефикасни во победничкиот табор беа Немања Обрадовиќ и Филип Кузмановски со 5 погодоци, 3 имаше Гуглета. На голот одличен беше Мартин Томовски со 10 интервенции.