12.8 C
Skopje
Sunday, May 11, 2025

Премиерот се огласи: Ми треба одмор

Премиерот Зоран Заев не присуствуваше на инагурацијата на новоизбраниот претседател Стево Пендаровски. Во јавноста имаше различни коментари поради неговото отсуство, но сепак вистината е само една, а таа ја соопшти токму премиерот Заев.

Премиерот за телевизија Телма рекол дека единствената причина поради што не бил присутен е поради тоа што и тој има право на одмор и му треба да се одмори.

„Имам право на одмор. И ми треба малку да се одморам. Никаква друга причина нема“, изјави Заев за „Телма“.

Прочитај повеќе вести: Изнајмени се простории во комплексот висококатници „Џевахир скај сити“ за кабинетот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, соопштија од компанијата.

Како што е соопштено, помеѓу компанијата Турмак АД – Подружница Скопје и Службата за општи и заеднички работи на Република Северна Македонија е склучен договор за закуп и користење на опремен службен простор за потребите на Кабинетот на поранешниот претседател на државата, Ѓорѓе Иванов.

-Договорот е склучен во времетраење од една година и е во сопственост на компанијата Турмак. Според договорот, месечниот закуп за 274 м2 деловен простор изнесува 1950 евра, наведуваат од компанијата.

поврзани објави

     

Последни објави