-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Кирацовски: Просветната и благородна дејност на Кирил и Методиј нека биде наш патоказ

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, по повод 24 мај – Денот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј и ден на словенската писменост и култура упати честитка до граѓаните на Република Северна Македонија.

„ По повод Денот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј и ден на словенската писменост и култура упатувам срдечни честитки до сите граѓани на нашата татковина.

Денес, со особена гордост, чест и достоинство имаме привилегија да го славиме делото словенските просветители Кирил и Методиј.

Со нивното дело, просветителите Кирил и Методиј оставија трајни, вековни вредности и ја одбележаа една од најважните епохи на христијанската и словенската цивилизација.

Благородната мисија на браќата Кирил и Методиј има уникатно историско и културно значење за македонскиот народ и за сите народи кои ја негуваат словенската култура и традиција.

Нивното просветно и благородно влијание нека биде наш патоказ, да создаваме вредности, да работиме за општо добро, за подобра иднина на сите граѓани, стои во соопштението на СДСМ.

поврзани објави

Последни објави